речник контакт

Парична глоба оти чува срна?

Сопственикот на рибникот во Нежилово може да плати казна од 1,500 до 3.000 евра оти чувал диво животно дома. Ако го пушти тоа ќе биде жртва на дивите шумски ѕверови

Петар Печков

Трајче Димовски, сопственик на рибникот во  селото Нежилово,  се соочува со висока парична казна  оти во  тој простор  чува жива срна. Деновиве го посетиле инспектори од Државниот инспекторат за шумарство и ловство, кои го запознале дека не смее да чува срна во домашни услови, бидјеќи тоа се сметало за заробеништво.

Дојдоа инспектори кои ми кажаа дека не смеам да ја чувам срната тука, бидјеќи била во заробеништво. Таа ми ја донесоа две дечиња пред две години, кога беше мала и изгладнета. Ја пронашле во шумата кгоа береле печурки. Пред некео време  ја пуштив, но таа по некој ден се врати. Не се чувстувам ни малку виновен а не да платам така висока глоба - изјави Димовски.

Срната е омилена кај сите гости во рибникот и досега немало никакви поплаики за ова плашливо шумско животно, напротив, гостите често се фотографирале со неа. Срната се вика Петра, бидејќи е донесена на Петровден. Трајче стравува дека доколку повторно ја пушти во дивина, таа бргу ќе биде жртва на шумските ѕверови, бидејќи уште од мала е израсната во човекова близина.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »